29 Март, 2024
0.0323

Високото образование – столб на секое општество!

Објавено во: Колумни 24 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Ден на високото  образование е новина во македонскиот образовен систем, но и инвентивна идеја чија цел е на поинаков и иновативен  начин да ги промовира суштинските цели и специфики на високо образовните институции. Образовните хепенинзи не се баук или непознаница за  Европските метрополи и тие се случуваат во јадрото на Универзитетските центри. Затоа секоја позитивна активност и продуктивна идеја треба со отворени раце да се прифати бидејќи бенефит од неа ќе имаат и поединците и општествените групи како носечки субјекти во општествениот систем.

Традиција, визија и нова мисија е сентенца која го обележува високото образование последниве години. Несомнено многу промени и преструктуирања се случија во високо-образовниот етер, дел позитивни, а некои дочекани со доза на критичност и оставени на времето кое треба да покаже дали со право биле донесени или имало простор за нивно поинакво и видоизменето промовирање.  Многу контрадикторности го следат високото образование последниве години, но со право може да се каже дека благодарение на јавното промовирање на образовните реформи високото образование стана центарот на дискусија и јавна дебата на голем дел од интелектуалната и научна елита. Критичарите на образовните реформи воглавно аргументите за лошите потези на носителите на промените во рамките на високото образование ги базираа на следново: воведување на стандарди за научни унапредување не соодветни на нашиот образовен систем, не доволно добро етаблиран Болоњскиот кредит трансфер систем, укинување на автономијата на високо-образовните институции, политизација и партизација во образованието и слично. Од друга страна оние кои ги бранеа воведените реформи се водеа од фактот дека со години се стагнирало и воопшто никакви новитети не биле воведени и секако аргументите со кои на пиедестал се ставаат високите европски образовни стандарди кои се воведуваат во нашиот образовен систем. Судејќи по постигнатото со право може да се прифатат  аргументите и на критизерите и на пофалувачите, но дефинитивно треба аргументирано да се зборува но и да се дебатира, бидејќи без јасен став и отворена дебата не може ниту една реформа да донесе добар ефект. Доколку под черга се ставаат пропустите и слабостите еден ден сето тоа ќе излезе на површина и последиците ќе бидат далекусежни. Доколку сакаме да имаме перспективно општество треба да се стремиме кон едуцирање на кадри од кои има потреби пазарот на труд Образованието, посебно високото, е столб на секое развиено општество. Оттука е  и насушната потреба за континуирано вложување и подигнување на образовните стандарди. Она што е неопходно е следење на современите општествени текови и ускладување на високо образовните институции со нив. Екипирањето и вложувањето во нов, млад и талентиран кадар, како и континуирана надградба на оној кој веќе е дел од високото образование, требада биде суштинска цел на образовните институции. Доколку сакаме да имаме перспективно општество и академски граѓани кои ќе придонесат за негова изградба треба да се стремиме кон едуцирање на кадри од кои има потреби пазарот на труд. Следењето на новите технологии, насочувањето кон комплексни и содржајни реформи се само дел од компетенциите со кои треба да се надградат студентите како идни творци на продуктивните промени се само дел од содржините и целите на високо образовните институции. Реформите во високото образование се често течки и болни, изискуваат трпение и рационалност, но и суштински доколку сакаме да одиме напред. Во секој случај настојувањата треба да бидат насочени кон промени кои ќе произлезат од самите едукатори, од истражувања направени од признати и познати образовни реформатори и од јавни дебати за секоја планирана промена, бидејќи во спротивно се влече гневот на интелектуалната елита како еминентна сила во секое општество. Само со правилен, посакуван и суштински процес ќе се направат позитивни промени во високото образование и ќе се остварат примарните образовни цели, сето друго е залудно трошење на време и енергија. П.С. Новитетите се и наша специфика и токму затоа на 24.04.2013 година на платото пред најстариот и најреномираниот Универзитет Св.Кирил и Методиј ќе се одржи отворен ден на високото образование чија цел е на инвентивен начин да го запознае секој добронамерник со предностите и образовните програми на сите факултети-членки на УКИМ. Со отворено срце и чиста мисла ве покануваме да не посетите. Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет Скопје

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?