29 Март, 2024
0.0306

Витаминка успешно се претстави на Food expo во Атина

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Со целосниот асортиман вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор Витаминка за првпат се претстави на саемот Food expo во Атина. Саемското претставување беше проследено со презентации на производни програми и дегустации на производи. Сето тоа предизвика големо внимание од присутните трговци, сопственици на ланци супермаркети и граѓани.

Во време кога секторот за храна е еден од најдинамичните области беше исклучително важно успешно и впечатливо да се претставиме на саемот во Атина, да видиме какви се реакциите на нашите производи започнувајќи од изгледот, дизајнот и се разбира вкусот и да ги измериме преференциите на пазарот. Токму затоа целата презентација ја осмисливме со цел производите на Витаминка да станат познати и поблиски за посетителите. А саемот во Атина важи за еден од најкомпетитивните во однос на бројноста на домашните изложувачи и странските посетители. После едно вакво претставување, навистина можеме да се надеваме на добар прием и пласман на нашите производи на кој било пазар“, изјавија од компанијата.

Со 1.200 изложувачи на изложбен простор од 45.000 метри квадратни, Food expo2017 е  најголемиот саем за храна и пијалаци во Грција и еден од водечките меѓународни саеми од ваков вид во светот. Оваа година саемот беше посетен од повеќе од 46.000 професионалци од 88 земји од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија