29 Март, 2024
0.0277

Viva la Vita – духот на Италија во мирисливо шишенце

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Честопати ни е потребно мало потсетување за да му се радуваме на секој нов ден и со полни гради да уживаме во ситните задоволства. Поради тоа AVON го креираше новиот парфем Viva la Vita, инспириран од Италија – земјата која зрачи со страст, посебна атмосфера и мириси, чии жители се познати по позитивниот став и хедонизмот. 

Промовиран неодамна, Viva la Vita е најновиот женски мирис од AVON кој го прави убав секој ден. Инспирацијата за овој парфем доаѓа од жените кои зрачат со самодоверба, живеејќи го секој момент со полни гради. Овој парфем ослободува чувства на опуштеност, живост и слобода во изразувањето. 

Новиот парфем, кој претставува совршен спој на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и сензуална ванила, ќе стане сила која што ве придвижува и поттикнува да уживате во магијата на секој момент.

- Viva la Vita ja одразува храброста и слободата да го правите она што ве прави среќни и да живеете за секој момент. Со комбинација на топол, цветен и овошен мирис, Viva la Vita е идеален подарок за моќни жени полни со самодоверба – велат од менаџерскиот тим на AVON Македонија. 

Италијанците уживаат во малите работи, од вкусните залчиња, топката сладолед и чаша добро вино, до семејниот ручек и залезот на сонцето. Многумина сметаат дека токму тие ја развиле уметноста на живеењето, а благодарение на мирисот Viva la Vita тој позитивен италијански дух може да стане дел од вашето секојдневие. 

- Фокусирајте се на она што ве прави среќни. Пронајдете време за себе, своите пријатели, семејството, престанете да брзате, почнете да ги цените ситниците и пронајдете мотивација во секој нов ден, бидејќи новиот овошен мирис е ваш идеален партнер за дневна инспирација – порачуваат од AVON Македонија.

Со Viva la Vita секој ден ќе ви биде посебен, а сите подетални информации за производот се достапни на интернет страницата avoncosmetics.com.mk, додека порачките може да се пласираат преку најблискиот AVON Претставник. Во тековната AVON брошура, парфемот Viva la Vita е достапен по цена од 799 денари во понуда како специјален премиерен комплет заедно со лосион за тело и сјај за усни во нијанса по избор. 

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија