25 Април, 2024
0.0288

„Виз ер“ полета од Скопје: Евтино е, ама не е џабе!

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ денеска, со првиот лет на релација Скопје-Ајндховен, ги почна операциите од Скопскиот Аеродром.  Два лета во текот на неделата ќе бидат реализирани и од Скопје до Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел. Според најавите од „Виз Ер“, авиобилетите во една насока со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра, доколку се резервираат однапред. Сепак, овие цени се минималните цени по кои некој ќе може да резервира карта, но само ако сака тоа да го направи повеќе месеци однапред, а се разбира доплнително ќе треба да се плати за багаж. Мала проба на сајтот на Виз ер, ни даде реална слика за тоа колку би чинеле летовите. Во обид да резервираме лет за Дортмунд, со датум на заминување среда 19 декември, а враќање на 31 јануари следната година, цените што ни ги прикажа системот на Виз ер, беа 2690 денари за едниот + 1390 денари за другиот правец, или вкупно 4080 денари за повратен билет до Дортмунд од Скопје. Одбравме датуми со одење следната година, во обид да ја намалиме цената. И така е! Во среда 20 февруари 2013, а враќање седум дена подоцна, вкупната цена на билетот би ве чинела 2640 денари. Се разбира, ова се цени во кои не е вклучен евентуален багаж. Во правилата на Виз ер пишува: „Дозволено е носење на чекиран багаж до 32 килограми за дополнителна цена (15 до 20 евра, според правилата, н.з) и едно парче кабински багаж со максимална тежина од 10 килограми и максимални димензии од 55х20х40 сантиметри, бесплатно. Но, ако кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не преминува димензија од 56 x 45 x 25 см, може да се внесе во авионот со наплата на 600 MKD. Бројот на торби што сакате да го пријавите мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна преку wizzair.com или преку Повикувачкиот центар за истата такса. Доколку за дополнителниот багаж се плаќа на аеродром, важи поголема такса за багаж. Доколку патникот пријави помалку багаж од платеното, таксата за багаж не се надоместува“, стои во правилата на „Виз ер. Ќе се зголеми бројот на патници Јасно и фер. Во превод, евтино е, ама не е џабе! Како и да е, добредојде за нискобуџетните летови, можеби тие ќе придонесат за поголема конкуренција, и уште повеќе компании. Инвестицијата за новите дестинации, според раководството на „Виз Ер“, ќе чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места. Сите летови на компанијата ќе бидат субвенционирани со пари од македонскиот Буџет во износ од 5 милиони евра. Идната година „Виз Ер“ планира да понуди директни летови од Скопје до Брисел, Рим и Барселона. „Очекуваните ефекти од новите  летови во првата година  се да има зголемување на бројот на патници на скопскиот аеродром од 120.000 нови патници во 2013, односно по 10.000  месечно, најмалку 135.000 во втората година и најмалку 150.000  патници во третата година“, изјавија од Владата при промоцијата на нискобуџетните летови.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ