16 Април, 2024
0.0340

„Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

И премиерот Груевски ги најави трите нови дестинации  на кои од април идната година ќе можат да патуваат македонските граѓани со „Виз ер“. Директни летови ќе има од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт. „Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Виз ер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање. Истовремено посочи дека се  преговара и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа. Доколку преговорите успешно завршат, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии, додаде премиерот. Воспоставувањето на трите нови линии на „Виз ер“ всушност уште во август ги најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.  Тогаш заедно со  извршниот потпретседател на „Виз ер“, Џон Стивенсон и генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски ги најавија плановите за развој на авиосообраќајот во идниот период. Според најавите Визер кон новите три дестинации ќе се сообраќа двапати неделно, а авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 9 евра по патник оваа година односно по 8 евра догодина.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?