Виза не го признава Биткоинот
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2018
Виза, најголемата компанија за кредитни картички, нема да прифаќа никакви трансакции со биткони, ниту пак со било која друга криптовалута со оглед на тоа што не ги признава за легитимни платежни средства.
Виза престана да ги реализира транскациите со компанијата WaveCrest која издавала кеш картички базирани на криптовалути.
Главната причина за објавата на еден вид на војна со криптовалутите, Виза ја оправдува со фактот дека не се регулирани, не се целосно безбедни и проверени и тоа што немаат вистинска економска вредност, па не можат да се користат во платежните трансакции.
Алфред Кели, генералниот извршен директор на Виза, посочи дека компанијата ќе реализира трансакции и трансфери само на реални валути.