ВИЗЕР ГИ ШИРИ КРИЛЈАТА: Од Скопје до Хановер ќе се лета два пати неделно-по евтини цени!
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016
Нискотарифната компанијата Визер како што најави во јули од 1 ноември од главниот град ќе се лета два пати неделно до Хановер.
Со „Визер“ ќе може да летате од Скопје до Хановер секој понеделник и петок со билети чии цени ќе почнуваат од 899 денари, додека летовите од Хановер кон Скопје се во вторник и сабота.
Надлежните од ТАВ Македонија со оптимизам дека и оваа дестинација ќе биде исто толку популарна за туристите.
Хановер e главeн град на сојузната покраина Долна Саксонија и е важен трговски и фестовалски центар, познат по Октоберфест Хановер.
Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет.
Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.