24 Април, 2024
0.0252

Визер ја укинува доплатата за рачен багаж

Објавено во: Стил 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Визер (Wizz Air), најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа, соопшти дека патниците повеќе нема да плаќаат доплата за внесување на поголемо парче рачен багаж во патничката кабина на сите летови на оваа компанија од 29 октомври 2017 година.

Патниците ќе може да внесат во патничката кабина едно парче рачен багаж со максимални димензии 55x40x23cm. Овој багаж ќе биде вклучен во цената на картата.

Оваа одлука претставува зголемување на лимитот на бесплатен рачен багаж за 50% во однос на моменталното важечко правило, велат од компанијата.

На патниците кои веќе претходно купиле карти со доплати за поголем рачен багаж, а патуваат од 29 октомври 2017 ќе им бидат вратени парите, во износ на платена доплата зголемена за 20% во вид на кредит во рамки на нивниот WIZZ налог.

Авиокомпанијата објави и дека воведува нова, дополнителна услуга за патниците наречена „WIZZ Priority“. Оваа услуга е достапна веќе од денес на сите летови на Визер и ќе вклучуваат приоритетно качување, потоа можност патниците во рачниот багаж да внесат и една дополнителна, мала, торба (со максимални димензии 40x30x18cm) и гарантирано внесување на рачниот багаж во патничката кабина, почнувајќи од 29 октомври (ова е исто така достапно за патниците кои купат  WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass).

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган