28 Март, 2024
0.0236

Влада: 2014 бележи највисоки капитални инвестиции

Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Фискалната тебела објавена од Министерството за финансии покажува дека капитални инвестиции и нивната реализација биле на највисоко ниво во 2014 година и изнесувале 21 милијарди денари.

Според овие бројки на  Министерството за финансии значи дека  капитални инвестиции се зголемени за 280  проценти во изминативе десет години, кога во 2005 година изнесувале 10 милијарди денари.

Во делот на патната инфраструктура, после неколку децении започната е изградбата на 104 километри нова автопатска мрежа. Започнато е со изградба и на два нови модерни автопати. Едниот „Гоце Делчев“, автопат кој води од Скопје до Штип со должина од 47 километри и претставува инвестиција од 206 милиони евра. Другиот автопат „Мајка Тереза“ кој води од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Изградбата на овој автопат долг 57 километри чини 374 милиони евра. Во 2014 продолжи изградбата на новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица со должина од 28 километри, вредна 219 милиони евра. Изградбата на овие три автопатишта преставува изградба на 132 км автопатска мрежа или 50 отсто од постојната, велат од Владата.

Минатата година се работеше на изградбата и на пет регионални патни правци и еден експресен пат (Велес - Кадрифаково) со вкупна должина од 83,4 километри, а изградени се и 70 локални патни правци со вкупна должина од 125 километри.

Во делот на железничката инфраструктура, почнати се најкрупните проекти досега кои значат комплетно поврзување кон Албанија и Бугарија. Започна изградбата на пругата од Куманово до Белјаковце вредна 39 милиони евра. По 33 години почна и реконструкција на Железничката станица во Скопје, вредна 2,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка