20 Април, 2024
0.0518

Влада: работното време од 7 до 15 часот

Објавено во: Економија 12 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

  • Државните органи и јавните претпријатија и установи од денеска треба да го организираат своето работно време од 7 до 15 часот, поради топлотниот бран и високите температури.Оваа одлука во времетраење од седум дена ја донесе Владата на Република Македонија на вчерашната седница и препорача да ја почитува и приватниот сектор.
  • Донесена е одлука за ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението како што се бремените жени и на лицата над 60 години, а установите за згрижување на децата, односно градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
  • Работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот, а сите правни субјекти кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.Владата одлучи единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
  • Во исто време, Владата препорачува да се почитуваат и досегашните мерки, односно во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце да се носи заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци.При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
  • Во однос на зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.     Од Владата нагласуваат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба да бидат преземени мерки, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.
  • Согласно добиените информации од мето-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи и денеска на целата територија на Република Македонија е за зафатена од високи температури, при што два региона, скопскиот и струмичкиот се и денеска во портокалова фаза и за нив важат вчера објавените мерки, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.Согласно информациите од УХМР, во текот на денешниот ден, четири региони, односно скопскиот, струмичкиот, пелагонискиот и охридскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?