20 Април, 2024
0.0274

Владата апелира побрзо да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Граѓаните од социјално ранливите категории што поскоро да ја искористат можноста и да си обезбедат бесплатен елаборат за легализација на бесправно изградените објекти, апелираат од Владата. Сите лица корисници на социјална или постојана парична помош, како и лицата кои имаат ниски примања веќе може да ги поднесуваат барањата за изготвување на бесплатен елаборат. Процедурата е едноставна и има нула трошоци, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. „Лицата кои се корисници на социјална парична помош или на постојана парична помош, треба да извадат само потврда од Центрите за социјална работа дека се корисници на такво право и истата таа потврда да ја однесат во Агенцијата за Катастар за недвижности на шалтер каде што ќе им биде доставен образец да го пополнат, да го пријават своето барање, да го запишат и бројот на поднесокот за основната легализација и потоа во соодветен период ќе се реализира изработката на елаборат од страна на државниот Катастар“, додава тој. Лицата пак, кои не се корисници на социјална или постојана парична помош, но се лица со ниски примања до 168 илјади денари годишно на ниво на домаќинство, треба да извадат потврда од страна на УЈП и по истата процедура да ја достават до Катастарот. Рокот за оваа можност трае до 31 декември 2015 година, но Владата апелир можноста поскоро да се искористи за лицата да можат конечно да ги легализираат своите домови.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители