Владата даде согласност за две нови странски инвестиции
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
Bладата донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции. Станува збор за компанијата за производство на лекови „Саген“ и за компанијата „Вик“.
На вчерашната седница прифатени се одлуките за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанијата „Саген“, како и за договорот за доделување државна помош на „Вик“ во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп.