Владата догодина ќе се задолжува за да врати стари долгови
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017
За покривање на буџетската дупка и за финансирање на досепаните стари долгови, Владата планира идната година да се задолжи 854 милиони евра.
Преку аукции на домашниот пазар треба да земе скоро три милиони, а од странски извори да позајми 566 милиони. Министерот за финансии Драган Тевдовски тврди дека каматната стапка ќе биде клучна за издавање на еврообврзница. Годинава таа не беше издадена, а државата успешно се финансираше од домашниот пазар.
„Очекувањата се дека дека со оглед што и ФЕД почна да ја затега политиката, на меѓународниот пазар ќе почнат да се зголемуваат каматните стапки, тоа прави да милсиме дека е време да се излезе со еврообврзница, бидејќи не е исто да се издаде со камата 3, 4 или 5 или 20%, значи ќе донесеме одлука за излегување на меѓународниот пазар, само ако граѓаните за тоа платат ниска каматна стапка“- вели Тевдовски.
Од ВМРО- ДПМНЕ велат Владата планира следната година да ја задолжи државата за една милијарда евра.
„Владата на СДСМ планира да ја задолжи државата наредната година за близу една милијарда евра. Една милијарда евра ќе бидат задолжени македонските граѓани и идните генерации. Една милијарда евра поради задолжување и една просечна плата помалку за семејствата поради воведување на повисока акциза за нафтата“- рече Лилјана Кузмановска од ВМРО- ДПМНЕ.
Следната година во буџетската каса е проектирано да се соберат 3,14 милијаради евра, а да се одлеат 3,44 милијради.