Владата го поедноставува начинот на пресметка и наплата на персоналниот данок
Објавено во: Економија 28 Јули, 2017
Владата денеска разгледа и усвои информација за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход“.
Проектот е финансиран од ИПА фондовите, чие спроведување ќе придонесе за олеснет начин на комуникација на Управата за јавни приходи со даночните обврзници и ќе се поедностави начинот на пресметка и наплата на персоналниот данок на доход.
Проектот предвидува и
намалување на административните процедури и трошоци, а беше нагласено дека од
ваквиот нов пристап се очекува зголемена наплата на персоналниот данок на доход
за околу 50 отсто.