28 Март, 2024
0.0265

ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ОПАРИ: На 26 септември ќе добие 7 милиони евра дивиденда од Телеком

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на 26 септември ќе се опари со 7 милиони евра, кои на име дивиденда од „Македонски телеком“ ќе легнат на буџетска сметка. Македонската влада има удел од 34,8 отсто во капиталот на телекомуникациската компанија, која објави дека на овој датум ќе се подели дивиденда во вкупен износ од околу 20 милиони евра, колку што изнесува нето добивката за 2016 година.

Бруто износот на дивиденда по акција е 14,51 денари и е за 15 отсто помалку во споредба на дивидендата исплатена за 2015 година, која беше во износ од 17,09 денари по акција. Право на дел од добивката ќе имаат сите акционери што се евидентирани во книгата на акционери на „Македонски телеком“ на 12 мај 2017 година. Последен ден на тргување со акциите на телеком со право на дивиденда беше 9 мај.

Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 51 отсто од акциите преку локалната компанија „Каменимост АД“. Македонската влада има удел од 34,8 отсто во капиталот на „Македонски телеком“. Дивиденда ќе добијат и малцинските акционери, кои во најголем дел се вработени и пензионери од телекомуникациската компанија, а кои поседуваат 2,54 отсто од капиталот. Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ поседува 1,64 отсто од акциите, а „Македонски телеком“ поседува и 10 отсто од сопствените акции.

Државата во 2001 година го продаде мнозинскиот дел во  телекомот на стратешкиот инвеститор „Маѓар телеком“ и секоја годинина до 2003 добиваше по 18,5 милиони евра дивиденда. Во 2004 беа исплатени речиси 2,5 пати повеќе, односно 44,8 милиони евра по едногодишно задоцнување, поради истрагата за финансиски малверзации. Дивидендата за 2005 година беше 48 милиони евра. За 2006 година немаше исплата бидејќи акционерите одлучија дивидендата да ја префрлат во акумулирана добивка. За 2006 и 2007 година беше исплатена заедничка дивиденда од 61 милион евра, а за 2008 таа изнесуваше 35 милиони евра. Следната година се исплати дивиденада од 41 милиони евра, а во 2010, 2011 и 2012 година Владата доби по 39 милиони евра.

Во последниве години, поради намалените приходи кои раководството ги објаснува со острата конкуренција и ценовната војна, драстично опадна профитот на телекомот, а со тоа и износот на дивидендата. За 2013 година, дивидендата беше 44,1 милион евра од кои на Владата и беа инкасирани 15 милиони евра. Компанијата за 2014 година исплати дивиденда во износ од 36,7 милиони евра, а делот за државата беше 12 милиони евра, а лани телекомот подели 24 милиони евра, а на сметката на Владата легнаа 8,35 милиони евра како дивиденда за 2015 година.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?