20 Април, 2024
0.0258

Владата купува дефибрилатори!

Објавено во: Економија 10 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Владата бара фирма која ќе ја снабди со дефибрилатори. Заинтересираните компании можат да ја достават својата понуда најдоцна до четврток. Според објавата на Бирото за јавни набавки, важноста на понудите ќе биде 60 денови. Други детали за барањата на Владата не се објавуваат.

Фирмите со над 100 вработени до 1 јуни мора да набават апарат за реанимација на срцева реакција, обврска која ја наметна министерот за здравство Никола Тодоров. Еден дефибрилатор чини најмалку 2.000 евра. Иако во Законот за здравствена заштита никаде не е посочено дека фирмите треба да поседуваат дефибрилатор, туку само да организираат здравствен пункт, Тодоров во писмо во април минатата година се повикува токму на овој закон и бара од фирмите да ја исполнат оваа нова обврска. Компаниите го покажаа својот револт преку писма до Тодоров, но и до премиерот Груевски, објаснувајќи дека се изложуваат на дополнителни трошоци. Тие се жалеа и дека несоодветната примена на дефибрилаторот може да биде и закана по животот на работниците. „Ние ќе им кажеме на фирмите каков тип дефибрилатори треба да набават, но тоа во никој случај нема да биде фаворизирање на некоја компанија. Ќе кажеме какви карактеристики треба да поседува уредот, но нема да наложиме тоа да биде некоја конкретна марка. Има таканаречени автоматски дефибрилатори, коишто не можеш да ги употребиш воопшто доколку нема потреба за нив. Јас не сум доктор и не можам ова медицински да ви го објаснам, но ќе побарам од Кардиологија мислењето да го достават до јавноста“, изјави во април Тодоров.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?