Владата најавува еднаков пристап и на мажите и на жените до платена и пристојна работа
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2017
Еднакви можности за мажите и жените во поглед на родовата еднаквост најави денеска премиерот Заев.
Тој вели дека темелите на Програмата на реформската Влада се надминување на сиромаштијата и невработеноста при системско решавање и сериозен пристап кон проблемот.
Во тие насоки преку примерот на работничка од Штип Заев потенцираше реалност која ќе ја променат.
Заев посочи дека знае оти процесот нема да биде брз и лесен, но со заедничка работа рече ќе се добијат резултати.
„Државата ќе биде социјален партнер на семејствата на кои им е тоа потребно.
Македонија по Устав и по закон е социјална држава и ние сме обврзани да го направиме тоа за своите граѓани.
Владата ќе работи на подигнување на свеста дека и жените и мажите подеднакво се одговорни за домашните активности и грижата за децата. Поделбата на оваа таканаречена неплатена работа е првиот чекор кон воспоставувањето родова еднаквост.
Владата ќе се грижи за сите, и жените и мажите да имаат еднаков пристап до платена и пристојна работа. Со тоа ќе овозможиме жените да се чувствуваат побезбедно и посамостојно, затоа што нивниот труд ќе биде соодвентно вреднуван“, истакна премиерот.
Тој најави воведување на две смени во градинките, и отворање на нови установи кои ќе се грижат за децата во руралните средини.