Владата се задолжи 20 милиони евра, за да врати 18,8 милиони евра
Објавено во: Економија 24 Јули, 2013
Владата вчера се задолжи за уште околу 20 милиони евра, преку издавање на четири пакети државни хартии од вредност, иако планираше да се задолжи со 18,8 милиони евра. Исто така, државата треба да врати 18,8 милиони евра во стопанството.
Како што информираат од Министерството за финансии, вчера биле издадени два пакета од двегодишни државни обврзници, еден пакет петгодишна обврзница и еден пакет шестмесечни државни хартии од вредност.
Од двегодишните државни обврзници без девизна клаузула се реализирале 890.000.000 денари односно 14,5 милиони евра. На аукцијата на петгодишни државни обврзници со девизна клаузула се реализираа 172.850.000 денари или 2,8 милиони евра. Од шестмесечните државни хартии од вредност со девизна клаузула се реализирале 219.490.000 денари односно 3,5 милиони евра.
Банките и овој пат биле најзаинтересирани за двегодишните државни обврзници, а другите клиенти пројавиле интерес главно за петгодишната обврзница.