24 Април, 2024
0.0267

Владата во САД, бара инвеститори, по Детроит следува Хјустон

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Владиниот тим во лов на инвеститори во САД. Предводен од премиерот Никола Груевски, на првиот ден од економската презентација во САД, ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија пред 60-ина компании од автомобилската индустрија во Детроит. Првите луѓе на познати брендови од таа индустрија слушнаа и лични искуства од инвеститори што веќе работат на македонскиот пазар.

Како што истакна Премиерот, владиниот тим го дал својот максимум за да ја претстави Македонија во вистинско светло. Ги истакнавме сите предности за инвестирање во Македонија, изјави премиерот Груевски по презентацијата.

Свои видувања за македонската бизнис клима пред бизнисмени од автомобилската индустрија во Детроит  изнесоа и првиот човек на канадскиот гигант „Нортел“ и основач на проектот „Македонија 2025“ Мајк Зафировски,  но и претставници на компаниите  присутни со свои инвестиции во Македонија „Кемет електроникс“  и „Џонсон Контролс“ од Америка и „Џонсон Мети“ од Британија.

Бев многу импресиониран од оваа конференција, петта во последните пет години, каде нивото на софистицираност на нашите предлози значително се зголеми. Но, исто така, е добро да се види дека референците од „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ се подобрени што ја прави Македонија поатрактивна за инвестирање, рече Зафировски. Состојбата во економијата во Европа моментно не е многу позитивна и тоа според него и дава можност на Македонија да привлече инвеститори бидејќи е многу важно да се биде на локација што не нуди само ниски трошоци, туку и ги задоволува деловните потреби на компаниите.

По Детроит,  градот на автомобилската индустрија, следи економска презентација на македонскиот владин тим во Хјустон, Лос Ангелес и во Сиетл.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи