Власта сама ќе се испрашува - Опозицијата ја нема во Собрание
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018
Традиционално денес како последен четврток од месецот се одржуваат пратеничките прашања преку кои пратениците имаат можност да ја реализираат својата контролна функција над извршната власт и претставниците на Владата на Македонија.
Сепак, целата смисла на пратеничките прашања се губи кога не е присутна опозицијата бидејќи таа треба да дојде до израз и да ги детектира слабостите и грешките на владејачката коалиција.
Обврската за поставување прашања и контрола над власта повторно ќе падне врз пратениците од парламентарното мнозинство кое ја поддржува владата на премиерот Заев, како и на помалите опозициски партии.
ВМРО-ДПМНЕ одбива да учествува во работата на Собранието се додека како што велат тие не престане политичкиот прогон и нивните осомничени пратеници не бидат ослободени од притвор со што се врши голем притисок врз опозицијата.