29 Март, 2024
0.0268

Влатко Васиљ: Бутел не е само гробишта- Во Бутел живеат над 35 000 луѓе од различни националности и градат соживот

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи се место на кои може да се сретнат разни пофалби и критики, мислења и контрирања, а и потсмеви.

Овој пат пренесуваме статус кој посветува внимание токму на потсмевот во врска со слоган на политичка партија. 

Слоганот е „За живот во Бутел“ и токму тој го поттикнал статусот.

Влатко Васиљ кој и е познат критичар на твитерашката јавност е бутелско дете. Претпоставуваме дека тоа му дало и мотив и овој пат да се изрази преку оригинален статус.


„Гледам многумина го реметат и се потсмеваат со слоганот „За живот во Бутел“. Еве, јас како бутелско дете, таму израснат и живеејќи повеќе од 20 години, каде моите родители и голем број од моите другари се уште живеат, слободно можам да кажам дека овие „смешки“ и заебанции за Бутел, поврзани со гробиштата сме ги поминале уште во 95 година.

И секогаш сме се носеле со тие банални заебанции поврзани со гробиштата како на пример: 
- Каде живееш? 
- Во Бутел. 
- На гробиштата ли?! хехехе

Сепак разбирам, за другите од страна е смешно, и треба да биде. Овие зафрканции им се нови и интересни. Ама и ја прифаќам забелешката дека можело пред Бутел, да пишува „општина“ заради одбегнување на заебанциите, иако гробиштата не се викаат Бутел, туку градски гробишта Бутел, така што за жителите од Бутел, Бутел секогаш асоцира на општината, а не на гробиштата, но.. забелешката си е на место.

Ама за да биде појасно, Бутел не е само гробишта. Во Бутел живеат над 35 000 луѓе од различни националности. Во Бутел дури има и две населби со име Бутел 1 и Бутел 2. И колку и на вас да ви изгледа смешно, сега навистина е потребен живот во Бутел бидејќи уназад, веќе 12 години, животот таму го нема, но не дека има гробишта, туку дека општината навистина ништо сериозно не преземала да го подобри животот за бутелчани. Вие што се заебавате, дали знаете дека Бутел нема своја поликлиника? Дека нема матичен гинеколог, а нема ни матичен стоматолог? Епа, еве сега знаете. Навистина нема!

Ама една од подобрите работи што го има Бутел е постојаниот и долгогодишен мултиетнички соживот и тоа е нешто со кое бутелчани можат навистина да се гордеат. А за животот во општината? Е тој, време е заедно да го донесеме и да дојде на 15ти октомври и во Бутел!“, пишува на социјалната мрежа ликот кој некогаш со право нема влакна на јазикот.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор