20 Април, 2024
0.0280

Влатко Васиљ за загадувањето: Со години се вртиме во еден волшебен загаден круг

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Си ги читам постовите од 2013 и 2014 година, пишани ова време. Слични како на многумина денес. Загадување! И тие биле популарни, лајкувани, коментирани, споделувани исто како и денешните постови за истата тема. Тогаш било загадено, ама и сега е загадено. Тогаш кога едни се бунеа, други викаа дека биле платени за тоа, сега кога едни се бунат, други прашуваат зошто молчеле порано. И така, низ годините сите се бунат, некој тогаш, некој сега, некој постојано, а сите си продолжуваме да дишеме загаден воздух.

Што од тогаш до оваа зима систематски се сменило? Што од тогаш до денес се решило да биде поинаку? И на сите апели, и на сите алармирања? Освен краткорочните решенија, што драстично и на подолг период се променило да дишеме подобар воздух?

Ова се очекуваше да се случи, загадувањето се појавува и ќе се појавува додека не прифатиме дека мора низ целата година да се работи на негово намалување, ама мора да прифатиме дека и ние треба да партиципираме во решенијата и да се адаптираме на условите што ќе придонесат за намалување на загадувањето. Проблем стваран со години, не се решава во рок од три месеци.

Искрено, јас не знам да изготвам научни анализи, не знам точно да утврдам кој загадува и зошто загадува, но можам да го правам тоа со кое минорно делувам. Еве, користам јавен превоз, не се греам на дрва, не палам оган со гуми, пластика и ѓубре, не градам, не загадувам. Ако не можам да намалам, барем не придонесувам на зголемување. Се трудам колку што можам. Убеден сум дека и голем дел од вас истото го прават, но мојот удел како единка не е доволен, а можеби не е доволен ниту во група. Но, подоготвен сум да ги почитувам сите правила и препораки со кои ако директно и индиректно учествувам ќе помогнам во борбата со загаденоста.

Проблемот со загадувањето е тука со години и нема тој инстантно да се реши, напротив, секоја година се влошува, ама ние во нашите апели, повици и дејствија сме периодични и сме загрижени само кога ќе видиме дека е загадено. На пролет ќе блесне сонцето, ќе стопли времето и тогаш ретко кој се замара со загадувањето, повеќето ќе си ја прифатат моменталната ситуација како подобра и ќе се заборави на претходните месеци, за потоа, пак, во следните ноември, декември и јануари ни се појави истото. И тогаш повторно, ко и сега, ко и порано, ќе алармираме, ќе апелираме, ќе паничиме, ќе бидеме загрижени и нервозни, вртејќи се во еден волшебен загаден круг.

Воздухот во Македонија нема што нема, освен партија, религија, националност. Затоа, низ цела година, сите заедно, одговорно, постојано и активно мора да се вложиме во борба против загадувањето.

Фејсбук статус на Влатко Васиљ

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители