16 Април, 2024
0.0233

Влева ли оптимизам првата средба на премиерот и лидерот на опозицијата?

Објавено во: Анализа 27 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски како нов лидер на опозицијата веднаш по својот избор реши да прифати средба со премиерот Зоран Заев и базирано на тоа штп беше разговарано, како и тонот на соопштенијата лиферувани од двете страни постои простор за оптимизам дека ако ништо друго барем политичкиот дијалог во земјава кој е од суштинско значење барем нема да биде „умртвен“ од старт со промените кои настанаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Двете страни се согласни во тоа дека потребен е дијалог и конструктивност иако и Заев и Мицскоски имаат различни очекувања за како тоа да се постигне. Според Мицкоски важно е и владата да не тргне по едносмерна улица, туку дека „конструктивноста е двосмерна“ улица. Мицкоски не го наруши овој процес со тврд став околу одбраната на 36 лица кои се осомничени од ЈОРМ за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста меѓу кои има нивни членови и пратеници и остави простор за учество на опозицијата во Собранието. 

Секако, Мицкоски како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го задоволи и своето членство, односно да покаже цврст став дека партијата стои зад притворените и ќе продолжи да бара нивно ослободување иако самите протести за оваа цел веќе не се активни.

ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на патеките на конструктивност и преземањето одговорност за сторените дела на било кој член, а за такво нешто има шанса кај Мицкоски иако и за него се уште е рано да демонстрира било каква конкретна позиција додека не се стабилизира неговата внатрешна позиција во партијата.

Што се однесува пак, до премиерот Заев кога се во прашање осомничените за крвавите настани на 27 април тој не може да се меша во судската власт и е тој е ставот кој би го одржувал пред Мицкоски како учесник во политичкиот дијалог, но ќе мора и да понуди рака на пред се партиско помирување со јасни чекори кои се одлика на демократските општества со развиена политичка култура. 

Од владиниот кабинет посочија дека премиерот Заев со Мицкоски се согласиле дека членството во ЕУ и НАТО се стратешки приоритети за што е потребен ангажман од сите политички фактори и дека опозицијата треба да учествува во реформските процеси иако признаа дека за одредени прашања имале различни ставови и мислења. 

ВМРО-ДПМНЕ е пред конечна одлука дали ќе пристапи кон целосен бојкот на Собранието на Република Македонија и институциите и ќе се радикализира повеќе со протести и блокади или пак ќе ја прифати улогата на конструктивна опозиција која ќе биде детектор на владините пропусти и ќе нуди подобри политички решенија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза