25 Април, 2024
0.0281

Вложил 10.000 евра во малини и еве што мисли за овој бизнис

Објавено во: Агробизнис 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Кик боксерот Џорџе Маричевиќ(26) засадил малини во селото Орашац, со цел да се занимава со земјоделство. 

Тој вложил 10.000 евра, но поради лошите временски услови, родот оваа година е за 40% помал од очекуваното. 

Договор има за откуп во Полска, по цена од 1,83 евра по килограм. 

Маричевиќ вели дека луѓето секогаш се жалат, но цената според него е коректна. 

„Мислам дека ние сме виновни затоа што секогаш кукаме со која било работа да се занимаваме. Сигурен сум дека која и да биде цената ќе биде добра, а цената од 160 динари за килограм ќе биде коректна. Верувам дека мене со оваа цена ќе ми се врати вложеното“ - вели тој. 

Овој млад човек вели дека купувачи за малини ќе има секогаш. 

Лани Србија стана најголем произведувач на малини со 83.000  тони. За оваа година проценките се дека нема да има повеќе од 55.000 тони малини. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади