29 Март, 2024
0.0264

ВМРО-ДПМНЕ го почна походот за локалните со 5 потврдени кандидати

Објавено во: Македонија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти првите пет потврдени кандидати кои ќе бараат градоначалнички мандати. Хирургот Марјан Бајрактаров ќе се обиде да дојде на чело на Струмица каде со години владееше актуелниот премиер Зоран Заев, во Велес повторно ќе се кандидира Славчо Чадиев, додека пак за значајната општина Куманово предложен е уште еден доктор, Зоран Ѓорѓиевски кој засега нема утврдено противкандидат од СДСМ но, ќе го очекува тешка борба. Потврдени се и кандидатурите на Тони Заткоски кој е актуелен градоначалник на Кривогаштани и Борче Митевски кој ќе бара нов мандат во општина Петровец.

- Изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина. Програма на која што работат врвни експерти од земјава и од странство, програма која се базира на реалните потреби на граѓаните и има за цел подобрување на нивното секојдневие, инфраструткура и стандардите на живот, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Се очекува и СДСМ наскоро да ги открие адутите со кои ќе истрча во клучните општини каде ќе биде најнеизвесно на локалните избори.

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“