ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велат дека немало средби Заев-Груевски
Објавено во: Македонија 20 Април, 2017
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат информациите изнесени од ДУИ дека деновиве се одржале лидерски средби меѓу партиските лидери, Никола Груевски и Зоран Заев, објави Фокус.
„Нема ние за што да разговараме со Груевски“ - велат од СДСМ.
И од ВМРО-ДПМНЕ само кусо велат дека немало никаква лидерска средба.
Претходно портпаролот на ДУИ, Бујар Осмaни изјави дека деновиве имало повеќе средби за надминување на кризата и дека тие ги охрабруваат ваквите средби.