23 Април, 2024
0.0280

ВМРО ДПМНЕ контра реформаторите: Лажат за статутот и сакаат да направат раздор во партијата

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Откако актуелни и поранешни членови на ВМРО ДПМНЕ покренаа иницијатива за внатрешна демократизација на партијата, од партијата на Груевски ги обвинуваат дека лажат оти статутот бил недемократски.

„Лага во функција на туѓ интерес е дека статутот на ВМРО-ДПМНЕ е недемократски. Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот според кој самопрогласените реформатори биле бирани во минатото на позиции во комисии и општински штабови во партијата, а некои од нив истите ги извршуваат до ден денес. 



Причините за незадоволството на оваа мала група се чисто лукративни, а не демократски. Затоа, повикот за „реформи“ не дојде ни после победите во 2006, 2008, 2011 или 2014 година, туку токму сега кога дел од нив се соочуваат со веројатна промена од работните позиции на кои се наоѓаат и прекин на месечниот паушал кој го примаат, поради промената на власта во Македонија. 



Тоа значи дека како и во минатото, така и денес има луѓе кои од лукративни причини измислуваат т.н. демократски повод чија причина е да создадат раздор во партијата и да одработуваат за туѓи интереси“, соопштуваат од партијата на екс премиерот.



Велат дека тие луѓе немаат ниту кредибилитет, ниту капацитет да бидат реформатори.

„Неколку функционери незадоволни од својата кариера во партијата со слаби резултати може да предлагаат и повикуваат на реформи, но тоа се прави во процедура која им е добро позната, со обраќање до соодветните партиски тела кои секогаш сослушувале било какви иницијативи и предлози. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема пораз на последните 10 изборни циклуси по ред.
Прескокнувањето на сите партиски процедури и јавното навредување и квалификување на ВМРО-ДПМНЕ како недемократска партија е повреда на угледот и честа на партијата“, се потенцира во реакцијата на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП