29 Март, 2024
0.0267

ВМРО-ДПМНЕ: Кутриот Богоевски залудно го брани Спасовски

Објавено во: Македонија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на пратеникот Павле Богоевски кој посочи дека нема да се толерираат случаи на прекумерна употреба на полициска сила и повторно побара одговорност од министерот за внатрешни работи Спасовски за индицентот во Струмица.

„Оливер Спасовски е до гуша виновен за обидот на полицијата под негово раководство да убие две млади момчиња.

Оливер Спасовски не може да избега од одговорност. Залудно кутриот Павле Богоевски се труди да го брани.

До вчера платеникот Павле Богоевски се трудеше да ги излаже граѓаните дека е борец против полициската бруталност, а сега изгледа тажно кога пукањето на полицијата раководена од Оливер Спасовски се обидува да го претстави како професионалност на ослободената институција.

Затоа кутриот и неискусен Павле дава празни изјави од Жена Парк, наместо да ги посети момчињата во кои е пукано и да побара одговорност од Спасовски.

Секој што е малку поискусен и што има грам образ, знае дека неодговорното работење на Оливер Спасовски не се брани. Спасовски креира хаос во полицијата и затоа бега да се соочи и со децата кои сеуште се на болничка нега и со нивните родители.

Одговорност за пукањето врз момчињата мора да има и ќе има, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење