ВМРО-ДПМНЕ: Не може своите долгови СДС да ги плаќа со националните и државните интереси на Македонијa
Објавено во: Македонија 23 Април, 2017
ВМРО-ДПМНЕ смета дека за „долговите“ Заев и раководството на СДС не треба да страда цел народ откако ќе се реализира Тиранската платформа со менување на името, химна, знаме и грб, а токму за тоа граѓаните и воопшто не гласале на избори, па единствено решение се нови избори.
- Криминогениот СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев нека не се надеваат дека нарко-мафијашите и луѓето што го негираат македонскиот идентитет ќе ги донесат на власт.
Граѓаните јасно кажуваат дека не сакаат туѓи платформи од странски држави. Граѓаните не ја сакаат Тиранската Платформа, која СДС сака да ја протурка и да формира влада по секоја цена.
Криминалците од СДС не можат да го излажат народот се со цел да се спасат од затвор. Народот ги прочита и им порачува секој ден на улиците дека ќе одговараат пред правдата, Не може со некоја неуставна платформа да се спасат.
Ако СДС некому нешто должи, нека се раздолжи со парите на криминогеното раководство на СДС. Не може своите долгови СДС да ги плаќа со националните и државните интереси на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека и народот веќе бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли неуставната платформа и да го казни СДС.