19 Февруари, 2018
0.5279
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес го допре дното

Објавено во: 30 Април, 2015

После денешните т.н. „бомби“ на СДСМ, од владеачката партија реагираат на прес конференцијата.

Имено , според ВМОР-ДПМНЕ , СДСМ го продолжува патот по кој тргнале, но се поочигледно станува дека на тој пат не ги добиваат очекуваните резултати и ефекти од тоа што го прават.

„Нивните прес конференции се се повеќе израз на една малограѓанска култура отколку на достојна политичка битка... овој пат свесни дека вниманието на ова што го прават опаѓа, и свесни дека со секој изминат ден се повеќе лица губат интерес за овие нивни објави и креирани прес конференции, денес, за жал не по прв пат, но сега можеби најприземно, ако воопшто може да се нивелира нискоста на овие нивни дејствија, објавуваат приватни случувања и состојби на лица кои немаат никаква врска со политика ниту пак со некакви нелегални активности. Го допреа дното со срамни изложувања на приватни работи на функционери, со истакнување на лични, здравствени, брачни и семејни состојби на личности, стои во реакцијата на оваа партија.

Според нивото излагање јавноста ниту ги подржувала ниту во иднина ќе ја подржи оваа срамна агенда и сценарио во кое покрај тоа што Заев нанесува штета на Република Македонија, грубо се меша во приватноста и нанесува штета на животите на граѓаните на нашата земја.

„Јасно е за сите, во државава, но и во меѓународната заедница, и веќе тоа се поотворено се говори, дека Зоран Заев не е ништо друго освен политичар во заминување и синоним за криминално работење, површна и нестабилна личност, која работи против сопствената држава и народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.