20 Април, 2024
0.0336

ВМРО-ДПМНЕ: Се нижат искази и докази дека Тиранската платформа е дело на Еди Рама

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секојдневно се нижат искази и докази дека Тиранската платформа е дело на Еди Рама и дека истата има за цел да ја втурне Македонија во уште подлабока криза и да ја редефинира согласно визиите на соросовите играчи на Балканот.

ВМРО-ДПМНЕ уште во текот на преговорите кажа што мисли за платформата од Тирана и не преговараше врз основа на истата. СДСМ, како што кажа Мухамед Зекири во целост ја прифатиле платформата, додаваат од партијата. 

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли Тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ во процесот на преговори и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев е само уценет човек, кој исплашен од затвор за сите криминали што ги сторил, е подготвен да прифати буквално се и да ги реализира сите барања кои одат спротивно на највисоките државни и национални интереси. Мнозинството граѓани на 11-ти декември одбраа кој има најдобра понуда, најквалитетна програма и најсоодветни персонални капацитети за да ја врати Република Македонија на вистинскиот пат. Тоа беше програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Мнозинството граѓани не гласаа ниту за Тиранска платформа, ниту за двојазичност, ниту за дебати за химна грб или знаме. Граѓаните не гласаа ниту за нови пари, ниту за нови униформи. Тиранската платформа беше отпосле подметната како кукавичко јајце за да се изигра волјата на мнозинството“ - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја. Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација. Заради тоа народот е на нозе! Заради тоа Македонија се буди!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители