29 Март, 2024
0.0258

ВМРО ДПМНЕ смета дека Заев со гасификацијата ќе ги дере Струмичани!

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Струмица влезе во гасификација, почнаа партиските препукувања. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Општина Струмица на секое струмичко семејство ќе му наплаќа по 700 евра за приклуок на гасоводната мрежа. „ Јасно е дека СДСМ и Зоран Заев сеат магла на струмичани со проектот за гасификација. Струмичани прескапо ќе го платат гасот, односно она што само фирмите на Заев ќе го добијат“, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. “Додека кланот Заеви прави милиони добивајќи бизниси од општина Струмица, струмичани треба да платат по 700 евра за приклучок кон гасоводната мрежа. Замислете колку многу пари се 700 евра за едно просечно домаќинство. Тоа е доказ дека проектот е прескап и недомаќински направен. Заев со тоа сака товарот за финансирање на гасификацијата единствено да им го препушти на граѓаните, а корист да почуствуваат само неговите фирми. Каков бенефит има едно просечно семејство кога треба да одвои повеќе просечни плати за да добие гас“, велат од ВМРО – ДПМНЕ. Инаку, како што утрото објави Фактор природниот гас во Струмица ќе се транспортира со автоцистерни, засега од Бугарија. Крајната дестинација е терминалот во Стумица, од каде преку дистрибутивна гасна мрежа, досега изградени 13км и 820м, тие се практично прстен околу Струмица и засега се наменети за јавните општински институции. (школи, градинки и сл). Во моментот во тек е изградба на нови 7км на дистрибутивна гасна мрежа која треба да овозможи  снабдување на домаќинства и комерцијални објекти. Првата куќа според најавите која ќе ги почуствува благодетите на природниот гас се очекува да биде приклучена кон крајот на ноември или почетокот на декември. Инаку, веќе од 26 октомври природен гас во Струмица користат 14 јавни институции, интерес покажуваат и институциите кои се под целосна државна сопственост.
Според информациите на Фактор, цената на природниот гас кој ќе се користи во Струмица, ќе ја утвдува Регулаторната комисија за енергетика. Според, неформалните, првични пресметки за да се користи максимално природен гас, станбен објект од околу 60-тина квадрати ќе потроши околу 20 илјади денари цела зима. (155 дена)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење