19 Април, 2024
0.0274

ВМРО-ДПМНЕ: Судовите и судиите се уште има можност да се ослободат од политичкиот притисок на СДСМ

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека судовите и судиите се уште има можност да се ослободат од политичкиот притисок на СДСМ и да го спасат угледот и честа на самата институција која треба да дејствува независно од извршната власт.

„Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор“, реагираат од партијата.

„Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам. Судот мора да биде на висина на одговорноста што ја има и да утврди дека нема никаква правна основа да бидат задржани во истражен затвор и останатите притворени во врска со настаните од 27-ми април. Судот мора да стави крај на политички монтираните процеси против десетици патриоти. Притворените лица, не се терористи, туку жртви на еден недемократски, политички монтиран случај. Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Пешевска и останатите не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото кое што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту пак имаат намера да се обидат да влијаат врз апсурдните обвиненија. Тие ниту се обиделе, ниту имаат причина зошто да се дадат во бегство. Притворите мора да бидат укинати за сите притворени лица, бидејќи мерката притвор не смее да се користи како начин на заплашување, замолчување, казна и тортура само поради тоа што некој имал храброст гласно да се спротистави на деструктивните политики на Зоран Заев“, се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?