19 Април, 2024
0.0306

ВМРО-ДПМНЕ: Вајгл не разбрал или лаже дека Груевски сакал да се спаси од затвор

Објавено во: Македонија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европратеникот Иво Вајгл или нешто не разбрал или свесно се става на страна аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи со пласирање на лаги и измислици, доколку воопшто дал таква изјава каква што е објавена, соопштува ВМРО ДПМНЕ.

Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски дал изјава каква што Иво Вајгл пренесува преку медиумите.

Со ваквите малициозни дезинформации, доколку воопшто ги дал Иво Вајгл, тој служејќи на нечии интереси само долева масло на огнот во актуелната политичка криза, наместо јавно да ја осуди Тиранската платформа и мешањето на соседни држави во внатрешните работи на Република Македонија.

Главниот акцент на разговорите со господинот Вајгл и останатите европретставници беше ставен на неопходноста од нови предвремени парламентарни избори како најдобар начин за излез од актуелната криза. Распишувањето на нови избори ќе даде најдобар одговор што мислат граѓаните за постизборното коалицирање врз база на Тиранската платформа и изигрувањето на волјата на мнозинството Македонци и граѓани на Македонија, кои ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Исто така беше соопштен и принципиелниот став на Претседателот Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, кој гласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи дури и малцинска влада на СДСМ, само доколку аболицираниот криминалец Зоран Заев се откаже од Тиранската платформа и јавно се обврзе дека нема да реализира ниту еден од нејзините елементи. Впрочем, Претседателот Груевски во интервју потврди дека сме подготвени да поддржиме таква влада на СДСМ и покрај тоа што се очекува очајниот Заев да продолжи преку неговото СЈО да нарачува политички прогон и монтирање на случаи против раководството на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува европратеникот Вајгл или да се огради од невистините и да ги демантира како негова изјава доколку не ги кажал, или да се извини за политичките манипулации со кои што ја доведува јавноста во заблуда заради остварување на нечии агенди, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните