20 Април, 2024
0.0319

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици е неуставен и не е дел од реформите

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ во обид да го искомпликува носењето на новиот предлог закон за употреба на јазиците ја обвини владејачката СДСМ дека ја лаже и манипулира јавноста, бидејќи законот ќе донесе двојазичност на целата територија на Македонија, е неуставен креира поделби и истиот не е во согласност со итните реформски приоритети.

„Двојазичноста на целата територија која ја планира СДС го девалвира македонскиот јазик и неговата употреба, кој од официјален јазик, станува само еден од двата службени јазик на територијата на државата, иако него го говорат над 2/3  од населението.

СДС спротивно на уставот и европските вредности спроведува целосна двојазичност. Двојазични ќе станат сите централни институции, судовите, обвинителствата, нотарите и извршителите во цела држава, сето тоа на крај ќе го платат македонските даночни обврзници, пари кои наместо во нови инвестиции, патишта, училишта, болници, градинки и други инфраструктурни објекти ќе завршат во спроведување на двојазичноста која нема да му помогне никому да овозможи подобри услови на своето семејство, подобро школување на  своите деца и шанси за напредок и успех во животот, туку ќе ги зголеми ѕидовите помеѓу граѓаните.

Двојазичноста не ја приближува државата кон ЕУ и НАТО, туку ја оддалечува и ја враќа назад во минатото кон нови поделби“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека со носењето на законот ќе произлезат и дополнителни буџетски трошоци за формирање на новата Агенција за примена на јазикот. За истата засега од Владата велат дека нема да има нови вработувања туку ќе се користи капацитетот на постоечката администрација. ВМРО-ДПМНЕ исто така продолжува да застрашува со тврдењата дека ќе се изрекувале високи казни.

„Владата предвидува и ригорозни казни за сите кои нема да ја почитуваат двојазичноста, па така глоби до 5000 евра ќе плаќаат институциите и одговорните лица во нив, кои ќе ја прекршат двојазичноста. За спроведување на казнената политика ќе се формира Инспекторат, чие формирање со првичниот Буџет државата ќе ја чини над 7 милиони денари, пари на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра