20 Април, 2024
0.0876

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемувањето на границата за пензионирање и придонесите е удар врз економијата

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од премиерот Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците.

Додаваат дека СДСМ ветуваше помали даноци и давачки од опозиција, за сега од позиција на власта го прави спротивното.

„Зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе го забави економскиот раст, ќе влијае на зголемување на невработеноста и ќе предизвика зголемување на стапката на младинска невработеност.  Постојаната старосна граница е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики на работна сила во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги подржува и јавно искажаните ставови на синдикатите и организациите на работодавачите за не зголемување на старосната граница на пензионирање. Целосно неиздржани се и предлозите за зголемување на стапката на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, тоа ќе предизвика застој во отворање на нови работни места и пад на платата на веќе вработените. Ниската стапка на придонеси за ПИО е мерка на ВМРО-ДПМНЕ, која помогна за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. ВМРО-ДПМНЕ со цел намалување на трошоците за бизнисот и стимулирање на вработувањата ја намали стапката за придонеси од 21.2% во време на СДСМ на 18%, заради енормно високата стапка на невработеност од 39%, која владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја наследи од СДСМ, а со помош на квалитетните економски мерки, меѓу кои и намалувањето на стапката на придонеси за Стапката на придонеси не смее да се зголемува “- изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека нови трошоци за бизнисот не смее да има, а државата не смее да биде пречка за бизнисот. 

Вчера во Собранието на седница за пратеничка прашања, Заев најави можно зголемување на возраста за пензионирање и на придонесите за вработените, ако економијата во земјата не се подобри. Тој изјави дека секоја година државата ја покрива „дупката“ во ПИОМ и оваа година таа е приближно 500 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?