24 Април, 2024
0.0297

ВМРО возврати: СЈО и СДСМ се исти, правен срам за државата

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ возврати со жестоки навреди против Специјалното јавно обвинителство откако произлезе информација дека кривично треба да одговораат и политичките партии и ги поистоветија со СДСМ како еден ист субјект подредени на расипаните желби на аболицираниот Зоран Заев.

„Танцот што го играат аболицираниот Зоран Заев и некомпетентната Катица Јанева пред целокупната јавност е тешко понижување за правната фела и за сите граѓани на Република Македонија. Конструкциите што ги смислува и нарачува аболицираниот криминалец не минуваат. Паниката дека „чаушите“ од врвот на СДСМ во соработка со СЈО не можат веќе со лаги да ја изманипулираат јавноста е сѐ поголема. Доказ за тоа е и денешното соопштение на СДСМ нарачано од аболицираниот криминалец Зоран Заев кое го договорил заедно со Катица Јанева уште пред да тргне во реализација на неговите идеи. Аболицираниот криминалец Зоран Заев со Катица Јанева го склопиле партиското соопштение на СДСМ без да проверат дали ВМРО-ДПМНЕ воопшто реагирало на политичката прес конференција на СЈО. Ова е дното и калта во која што секој ден тонат аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата партнерка Катица Јанева“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ упати критики за огромниот имот кој наводно го поседува владејачката партија.

„Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија обвинетиот Груевски и неговата партија на власт ВМРО-ДПМНЕ купила партиски имот распространет на 33.000 метри квадратни. ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра. Доколку се утврди дека овој имот е стекнат на криминален начин, тој ќе биде конфискуван и вратен на граѓаните“ посочија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред