ВНИМАВАЈТЕ ОДРОН НА ПАТОТ: Eве каде се вози по една коловозна лента
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
Пред селото Сопот, на патниот правец Катланово – Велес поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На лице место се екипите на ЈП Македонија пат кои работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет има на планинскиот премин Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските премини Ѓавато и Пресека.
Во Крушево има врнежи од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.