20 Април, 2024
0.0319

Во 2012 граѓаните најмногу се жалеле на потрошувачките права

Објавено во: Економија 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Најмногу претставки до Народниот правобранител граѓаните во 2012 година поднеле за потрошувачките права. Ова го истакна народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го Извештајот за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2012 година, кој денеска ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.

- Граѓаните поднеле 948 претставки за потрошувачките права со кои побарале заштита на правата за снабдување со топлинска енергија, за електрична енергија, за услугите од јавните-комунални претпријатија, за телефонските услуги и за наплатата на радиодифузната такса, рече Мемети.

Кога станува збор за потрошувачките права, како што посочи, не секогаш се почитува правото на избор на граѓаните, а квалитетот на услугите е на незадоволително ниво.

Мемети повика на толеранција, меѓусебно почитување и еднакво постапување кон сите граѓани без разлика на различностите.

Бројот на примени претставки бележи пораст во однос на претходната извештајна година, рече правобранителот и додаде дека овој податок покажува дека и понатаму повредите на човековите права во нашето општество се бројни.

Народниот правобранител во 2012 година постапувал по 5.220 претставки, завршени се 4.401, од кои во 1.356 случаи констатирани се повреди на човековите слободи и права.

Мемети истакна дека и понатаму е голем бројот на претставки во областа на правосудството, а кои се однесуваат за судење во разумен рок, како и за неправилноста во работата на извршителите.

На трето место во извештајот се претставките за работата во правосудството, потоа за казнено-поправните установи, за имотно-правните односи, за пензиско-инвалидското осигурување, за социјалната заштита, за правата на детето итн.

- Од вкупниот број констатирани повреди во 77 отсто органите постапиле по интервенциите на народниот правобранител, во 14 отсто не е постапено, додека во 9 отсто правобранителот ги презема сите законски дејствија, рече Мемети.

Во текот на минатата година правобранителот примил мал број претставки кои барале заштита од дискриминација. - Во девет случаи народниот правобранител констатирал повреда на права поради различен третман на граѓаните и за нив беа упатени препораки од кои осум се прифатени, а за еден се чека  одговор, истакна Мемети.

Говорејќи за детските права, тој рече дека најголем дел од претставките, односно 45 отсто се однесуват на правата на детето во семејството, потоа следуваат правата на детето во образовните установи и социјалната заштита.

Минатата година тимот на Националниот превентивен механизам на народниот правобранител спровел 32 превентивни посети на полициски станици, казнено-поправни установи и психијатриски болници.

- За наодите на тимот на народниот правобранител за превенција од тортура се подготвува посебен извештај кој ќе биде објавен во мај, додаде тој.

И покрај зголемениот процент на прифатени интервенции на народниот правобранител се уште отсуствува соодветна реакција и долгорочно решение за појавите кои доведуваат до повреди на човековите слободи и права.

На новинарско прашање во врска со настаните на 24 декември 2012 во Собранието на РМ, Мемети рече дека реагирал и ги осудил овие настани.

- По два дена добив барање да отворам постапка од претседателот и од претставници на Здружението на новинарите на Македонија. Јас отворив постапка за барањето од страна на новинарите, а не отворив постапка за заштита на правата на пратениците, бидејќи според законот народниот правобранител нема надлежност да постапува за работата на телата на Собранието, рече Мемети.

- Со новинарите имав неколку средби затоа што требаше да истражувам работи кои не се од надлежност на институцијата народен правобранител, а тоа се актите и одлуките на органите на Собранието, додаде тој.

Постапката што ја водел за настаните од 24 декември 2012 година, како што рече, ја завршил 2013 година и  ќе биде ставена во извештајот за работата на народниот правобранител за 2013 година.

На прашање за жалбите од граѓаните за време на првиот круг од локалните избори Мемети информира дека на денот на гласањето до сите канцеларии на народниот правобранител имало 129 јавувања, од кои 102 од граѓани кои се жалеле дека не можеле да гласаат од причина што ги нема во изборачките списоци. Народниот правобранител на 20 граѓани им помогнал да се најдат во избирачкиот список и да го остварат своето право, а на останатите не успеале да им помогнат бидејќи избирачкиот список на 24 февруари беше затворен. До канцеларијата на народниот правобранител на изборниот ден имало 16 јавувања за агитирање на политичките партии, 10 јавувања за неправилности во работењето на избирачките одбори и едно јавување за графит со навредлива зборови по национална обнова.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?