16 Април, 2024
0.0255

Во Атина се гради џамија - Златна зора ќе протестира

Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Половината милион муслимани кои живеат во Атина наскоро треба да ја добијат првата официјална џамија по повеќе од стотина години.

Новата џамија, зграда со површина од 1.000 квадратни метри без минарето, би требала да биде довршена во април годинава во старата поморска база во индустрискиот дел на Атина. 

„Имаме потреба од џамија за нашата нова генерација, за нашите млади,  за да се чувствуваат еднакви пред законот, еднакви во општеството“- изјави портпаролката на Здружението на грчките муслимани,  Ана Стамоу, Гркинка која преминала во ислам.

Критичарите на ваквиот потфат, предупредуваат дека презадолжената земја не може да си дозволи најмалку 800.000 евра, колку што чини изградбата на џамијата.

Атина нема службена џамија откако во 1833 година се протерани муслиманите и е единствената таква престолнина во Европската унија, па и на континентот, како што лани предупреди во парламентот министерот за надворешни работи, Јоанис Аманантидис.

Муслиманите се молеа на различни импровизирани локации, во подрумски простории или напуштени складишта каде што се жалат дека се често напаѓани од националистите.

Премиерот Алексис Ципрас изјави ланскиот мај дека веќе одамна било време да се изгради џамија. Владата тоа ќе го стори „од почитување кон муслиманските жители на градот, но и затоа што има обврска активно да ги штити своите вредности“, рече тој. 

Ултрананционалистичката партија Златна зора, која е третата според рејтингот меѓу грчките избирачи, смета дека муслиманите го оптоваруваат државниот буџет во време на длабока финансиска криза. Други, од нив, пак, џамијата и натаму ја поврзуваат со Турција, вечниот регионален непријател на Грција.

Повеќе десетици грчки националисти минатата година со месеци се собираа на просторот на кој се гради џамијата и подигнаа на тоа место центар за бездомници. „хот спот за Грците“, правејќи паралела со центрите на грчките острови за муслиманските беглаци и имигранти кои доаѓаат преку Турција .

Претставниците на Златна зора повторно најавуваат протести овие денови.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи