ВО АВИОН БЕЗ ЛАПТОП: Америка ова го забрани на летови од осум држави
Објавено во: Свет 21 Март, 2017
САД забрани на летови од осум држави претежно од Блискиот Исток и Северна Африка да се пренесуваат електронски уреди.
Оваа одлука стапува на сила од денеска. На патници од одредени летови од Египет, Јордан, Кувајт, Мароко, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обединети Арапски Емирати не им е дозволено да носат лаптопи или други електронски уреди.
Причината за оваа мерка не се наведува, а од безбедносните служби не сакаат да коментираат.
Официјален извор вели дека се работи за мерка која важи за 10 аеродроми во осум земји и САД.
Забраната не важи за мобилни телефони и медицински материјали.
Утре во Вашингтон има средба на која ќе се дискутира за борба против екстремистите на коалицијата предводена од САД.
Се очекува и арапските политичари да се појават на настанот.