Во Белгија спречен напад со автомобил во пешачка зона
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Полицијата во Антверп, Белгија успеа да спречи напаѓач кој со автомобил сакал да влета во пешачка зона каде се движат многу луѓе и да ги прегази, слично како во нападите во Франција и Германија.
Во сопрениот автомобил биле пронајдени ножеви и други оружја. Напаѓачот имал потекло од Северна Африка и се верува дека бил радикализиран со цел да изврши џихадистички напади во Белгија.
Низ цела Белгија е подигнат алармот за можни нови терористички напади и се зголемуваат мерките на безбедност. Овој инцидент доаѓа откако вчера терорист со автомобил беснееше пред британскиот парламент.