ВО БРИТАНИЈА ФАЛИ РАБОТНА СИЛА: Тешко доаѓаат до келнери и готвачи
Објавено во: Финансии 15 Септември, 2017
Во Британија се смета дека годишно ќе им недостигаат по 60.00 работници.
Угостителите бараат келнери и готвачи. Несигурноста за работниот статус и слабеењето на фунтата доведе до промени на пазарот на труд. Британското угостителство на стопанството му носи 4.3% од приходите.
Ситуацијата станува се полоша. Угостителите раскажуваат дека за да најдат добар готвач им се потребни од 2 до 6 месеци.
Oткако земјата одлучи да ја напушти ЕУ се јавуваат повеќе проблеми.