Во брод најдени материјали за експлозив - има и уапсени
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2018
Грчката крајбрежна стража денеска запленила брод кој носел материјали за изработка на експлозив, при што се уапсени осум членови на екипажот.
Бродот пловел под знаме на Танзанија, а бил откриен во близина на Крит. На него се пронајдени 29 сандаци во кои имало амониум-нитрат, детонатори и 11 празни резервоари за течен нафтен гас.
Тој исполовил од турското пристаниште Мерсин, а пловел кон Џибути, но неговата рута била сменета и како крајна дестинација било наведено пристаништето Мисрата во Либија.