Добивај вести на Viber
Повеќе од 20 одсто бугарски компании планираат во наредната година да го намалт бројот на вработените, а на оние што ке останат на работа да им ги намалат платите, покажуваат податоци на бугарската стопанска комора. Според истражувањето спроведено во 521 фирма во новата година компаниите имаат план да лансираат нови производи или услуги и да излезат на нов пазар. Половина од анкетираните изјавиле дека веќе подолго време во државата владее сивата економија, криминал и корупција која е најприсутна во јавните набавки.
Претседателот на бугарската стопанска комора истакнал дека се повеќе калифукувана работна сила е на улиците без работа, но и дека постои огромна заинтересираност за вработување во администрацијата.
Според минатогодишниот попис 7,3 милиони жители живеат во Бугарија, а незапослени се околу 370.000 работници. 11, 3 одсто е стапката на невработеност во ноември, а просечната плата на бугарските граѓани изнесува 329 евра.