Во чие друштво е Скопје на листата најзагадени градови во светот?
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2018
Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешно Калкута) во Индија, покажуваат мерните станици.
Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното.
На четврто место е Лахоре, град во Пакистан, на 5 место е Шангај во Кина и на 6 место е Њу Делхи во Индија.
Наведените земји со години имаат проблеми со аерозагадувањето, а Македонија последните години има алармантно загадување. Високо загадување на воздухот во земјава имаше и во декември лани.