Добивај вести на Viber
Француската компанија „Total “ и швајцарската компанија „Salvador“ се подготвуваат да ја изградат најголемата електрана во светот, пренесуваат медиумите.
Француската нафтена компанија „Total“ објави дека заедно со швајцарската компанија „Etrion Corporation“ ќе го реализираат проектот „Salvador“ кој подразбира изградба на најголемата соларна електрана во светот, во регионот на Атакама, Чиле.
Како што пренесува францускиот весник Капитал, оваа електрана ќе завзема површина од 133 хектари, а годишното производство ќе изнесува околу 200 гигават часови.
Што се однесува до сопственичката структура, швајцарскиот „Etrion“,специјализиран за соларна енергија, ќе има 70 проценти од уделот во капиталот, „Total“ 20 проценти, а 10 проценти компанијата од Чиле „Solventus Energias Renovables“.
Трошоците за проектот се проценети на околу 200 милиони долари.
Работите за изградба на оваа електрана би требало да започнат во текот на четвртиот квартал од тековната година, а почетокот на експлоатацијата е планиран за првиот квартал од 2015 година.