Во Флорида речиси 6,5 милиони луѓе останаа без електрична енергија поради "Ирма"
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
Околу 6,5 милиони домаќинства останаа без електрична енергија поради ураганот "Ирма" во Флорида.
Според податоците во моментов со обнова на електроснабдувањето се занимаваат близу 19,5 илјади специјалисти на енергетската компанија "Флорида Пауер енд лајт", која опслужува повеќе од половина жители во американската држава.
Компанијата соопшти дека проценката на штета не е конечна. Во нивни податоци конечни информации ќе може да бидат дадени откако се достигнат најпогодените области, а тоа може да потрае повеќе од една недела.