Во Германија со оваа работа ќе имате дневница од 150 евра
Објавено во: Економија 21 Јули, 2017
Во Германија за собирање на аспарагус може да се заработат и до 150 евра дневница.
Оваа работа Германците не ја сакаат, но за Балканците е добра и носи одлична заработка.
Работниот ден трае од 8 до 10 часот со една пауза, а недела е неработна. Од овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако вложат барање на крајот на даночната година.
„Во секторот за земјоделство се работи напорно и за надомест од околу 8 и пол евра по час, што за повеќето Германци е многу ниска плата, така што тие не се заинтересирани за толку напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна за странците, посебно за Хрватите и Полјаците"- вели Марио Котуриќ, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Slobodna Dalmacija.Сместувањето на работниците е во бараки. За некои тоа е недостаток на оваа работа.