Во „гланц“ нова сала идниот премиер Заев ќе држи седници
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Владата на Република Македонија доби нова сала во која во иднина ќе се одржуваат седниците меѓу претседателот на владата и министрите. Честа да ја „сефтоса“ салата ја имаше техничкиот премиер Емил Димитриев, кој само го загреа главното столче за мандатарот Зоран Заев.
Предводникот на СДСМ и парламентарното мнозинство во петок ќе треба да го соопшти предлог составот и програмата на новата влада по што ќе чека гласање во Собранието на Република Македонија.
Утре треба да се знае и како ќе бидат поделени ресорите и кои ќе бидат новите членови на владата.